за нас

Создаваме иновативни, технолошки

решенија за дигиталната иднина

Кои сме ние?

КИНГ ИЦТ е регионален системски интегратор и предводник во креирањето и имплементацијата на иновативни enterprise решенија. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност и мотивација за унапредување на работењето и создавање на додадена вредност. Преку иновативни ИКТ решенија сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации.

Нашиот пристап

Новите технологии, нашето знаење, вештини и индивидуалниот пристап кон корисниците ни овозможуваат да развиеме решенија кои ќе придонесат за квалитетот на работењето и одговараат на потребите на корисниците. Обезбедуваме поддршка и советодавни услуги за спроведување на дигитална трансформација преку имплементација на соодветни технолошки решенија.

Kорисници

Решенијата кои ги испорачуваме се движат од тесно специјализирани до оние кои ги користат голем број луѓе во секојдневниот живот. Нашите корисници доаѓаат од различни дејности како што се транспорт, енергетика, земјоделство, здравство, образование, правосудство, трговија, финансии, телекомуникации и многу други. Целта ни е да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и претстојните генерации.

Pешенија

Врз основа на новите технологии, cloud и mobile first принципот креираме нови иновативни enterprise решенија. Развиваме и имплементираме решенија како што се ERP, DMS или CRM, и производи за управување со продуктивноста на деловните субјекти како HRplus.
Градиме податочни центри, оптимизираме ИТ инфраструктура, воведуваме безбедносни решенија и истражуваме и развиваме нови начини на управување со информациите, што резултира со производи како што се BI системи за деловно известување и GIS решенија за размена на просторни информации.

Сите фази на проектите се водени од нашите експерти согласно препораките од методите PMI, ITIL, IPMA и Agile.

Деловна усогласеност

Сите наши деловни процеси се усогласени со меѓународните норми, како и со законските регулативи на Република Северна Македонија. Ја дизајниравме и редовно ја одржуваме Политиката за безбедност на информации (ISO 27001), Политика за квалитет (ISO 9001), Политика за животна средина (ISO 14001).

Специјализирани компании

Под КИНГ ИЦТ работат и Активис, компанија специјализирана за управување со документи, Smart Energy, компанија специјализирана за спроведување на мерки за енергетска ефикасност, и Планета IX, компанија специјализирана за употреба на вештачка интелигенција и нејзина примена во обработка на податоци во роботика, дронови и беспилотни летала.

Со седиште во Загреб, присутни сме во регионот; Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Косово.

Партнери

Нашите партнери и принципали се водечки светски ИКТ-компании. Во соработка со нив создаваме најсоодветни решенија за секој клиент, извршуваме и најкомплесни зафати (интервенции), следејќи ги динамичните трендови во информатичката и комуникациска технологија.

општи информации

Име на компанијата

КИНГ ИЦТ дооел Скопје, друштво за производство на компјутери и други деловно информатички услуги

Скратено

КИНГ ИЦТ д.о.о.е.л.

Директор

Игор Катушевски

ЕМБС

6325270

ЕДБ

4030008020265

Жиро сметка

210-0632527001-98 НЛБ Тутунска банка

ПР-контакт

Ве молиме контактирајте нè за сите прашања во врска со компанијата КИНГ ИЦТ и нејзиното деловно работење.

T: +385 (0)1 3033 571
Е-пошта: komunikacije@king-ict.hr

логотип

Галерија

Други информации