Пријавете се за Girls in ICT и дознајте што нуди ИТ светот

Јубилејната десетта година по ред на 4-ти четврток во 4-от месец го обележуваме Girls in ICT day! Тоа е светска иницијатива за поддршка на девојчињата и девојките во школувањето, како поттик да продолжат со кариера во светот на ИКТ. Свет во кој, за жал, жените се сè уште малцинство.

Затоа, ова е одлична можност за нашите експертки да го споделат своето знаење со девојките и да ги поттикнат да ги препознаат можностите што им ги нуди светот на ИКТ. И овој пат, денот ќе го обележиме во Кинг, со онлајн предавања и работилници што ќе ги одржат нашите Кинговки.

Менаџерки на проекти, тестерки и аналитичарки ќе им го доближат на девојките својот образовен пат и природата на работното место. По предавањето, ќе започнат работилници со цел да им се доближи на девојките улогата на деловна анализа преку изработка на предлог-решенија за едноставна апликација. Девојките ќе бидат поделени во групи и секоја група ќе добие менторка која ќе ги води и ќе им помогне да дојдат до решение.

Со желба да ги инспирираат и оснажат девојките со сопственото искуство, Кинговките ќе им покажат дека е навистина возможно да се постигне успешна кариера во ИКТ индустријата и ќе им дадат увид во разновидноста на насоките што ги нуди ИКТ индустријата.

Затоа ги покануваме сите девојки да ни се придружат и да го откријат она што сè уште не го знаеле за ИКТ светот!

Пријавете се ОВДЕ!

Да покажеме дека жените можат сè! Да ја промениме иднината заедно.

Распоред:

22.4.2021.

10-12:30 предавања

12:30-13:00 пауза

13:00-15:00 работилница

15:00-15:30 презентација на решенијата, заклучоци

Нашите предавачки:

Јелена Јелиниќ – менаџерка на проекти

Кристина Девчиќ – виша деловна аналитичарка

Луција Шуприна – помлада тестерка за софтвер

Весна Опачак – виша консултантка за деловно интелигенција

Елвира Пеќник – раководителка на тимот на деловни аналитичари

Ева Марохниќ – советничка за SAP-финансии – експерт

Ана Перков – виша системска инженерка

Се гледаме!

Следете нè на нашата официјална веб-страница и на Facebooku, LinkedINu, Instagramu и YouTubeu!