fbpx

Извештај за работењето во 2018 година

Дваесеттата година од работењето на КИНГ ИЦТ ќе биде запаметена по натамошниот раст на работењето и портфолиото. Позитивните економски движења и дигитализацијата на работењето придонесуваат за трендот на пораст со кој КИНГ ИЦТ ја завршува својата јубилејна година и влегува во 2019 година.

Завршувајќи ја втората деценија на своето работење, КИНГ ИЦТ брои 480 вработени. Воспоставените партнерства со светските ИТ компании и потврдата од постојните овозможуваат пристап до актуелните технологии кои на корисниците им обезбедуваат квалитетна услуга. Проширувањето на работењето на меѓународните пазари, како што се Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, Азербејџан, Кувајт и Катар, особено во областа на сајбер-безбедноста, го потврдува високиот квалитет на работата на експертите на КИНГ ИЦТ.
Во прилог на успешното работење одат и следниве бројки: во споредба со минатата година, очекуваниот раст на приходите во 2018 година е поголем од 20%. Бележиме експанзија на работењето во гранки како што се сигурноста, енергетиката, градежништвото и транспортот. Следејќи ја визијата на интегратор на индустриски решенија по принципот клуч на рака, дел од приходите го остваруваме од проекти во доменот на енергетска ефикасност, изградба на нафтени постројки, индустриска автоматизација и регулација, коишто не се традиционални приходи од ИКТ.

Годината што истекува го означува и завршувањето на работата на проектите од овие домени. Меѓу најважните секако е Проектот за доградба на резервоарите за сурова нафта со поврзаната сигурносна и надзорна опрема на терминалот Омишал за ЈАНАФ, кој беше целосно реализиран со завршувањето на 2018 година. Во овој проект, како дел од заедницата на понудувачи, учествуваа и експерти од КИНГ ИЦТ. За ХЕП Електра имплементиравме SAP IS-U индустриско решение за информатизација на пресметките, исплатите и наплатата на сметки, преку кое досега се издадени сметки во износ од 8 милијарди куни. Оваа година беше обележана и со голема промена во хрватскиот банкарски сектор со припојувањето на Сплитска банка на ОТП банка, која сега работи како една банка (ОТП Банка), а во чија интеграција помогна и КИНГ ИЦТ.

Брзиот развој на дигитализацијата ја истакна важноста на софтверот како гориво на модерната економија. Затоа, направени беа дополнителни напори за понатамошен развој на Секторот за софтверски решенија, кој ќе се пресели во нови простории во централата на КИНГ ИЦТ во 2019 година.

Следната година ќе донесе нови промени во деловните модели на многу индустрии, вклучувајќи ја и ИКТ индустријата. Традиционалните ИКТ инфраструктури, платформи и софтвер сѐ повеќе се купуваат како претплатнички модел (XaaS – Anything as a Service), што ќе доведе до пад на традиционалните приходи, но исто така и раст на новите.

Во согласност со промените на пазарот и со цел да одговориме на предизвиците, ќе се фокусираме на три цели: развивање на сопствени иновативни ИКТ производи и специфични индустриски решенија и професионални услуги, задржување на постоечките и привлекување на нови таленти во Хрватска и во регионот, како и на интернационализација на работењето.