fbpx
Создаваме дигитална иднина за сите нас
и генерациите кои доаѓаат
Запознај ги уиграните тимови на стручњаци во чии раце технологијата станува иднина

Кои сме ние?

КИНГ ИЦТ е систем интегратор чија специјалност се напредни ИТ решенија кои позитивно влијаат на економијата и општеството. Го подобруваме работењето и ствараме додадена вредност за нашите клиенти водејќи се од желбата заедно да градиме поврзана и дигитална иднина. Свесни сме дека најголем капитал ни се нашите вработени и важно ни е да останат мотивирани и имаат можност за интелектуален раст и напредок.

Клиенти

Задоволството на корисниците е еден од нашите главни приоритети. Веруваме дека успешниот развој лежи во индивидуалниот пристап кон секој проект, било да се работи за тесно специјализирани или решенија кои во секојдневниот живот ги користат голем број на луѓе. Нашите клиенти доаѓаат од различни гранки на дејности како транспорт, енергетика, земјоделие, здравство, образование, правосудство, трговија, финансии и телекомуникации.

Решенија

Базирајќи се на нови технологии, cloud и mobile first принципот, создаваме иновативни решенија за големи корисници. Развиваме и имплементираме решенија како што се ERP, DMS, како и производи за управување со ефикасноста на вработените како што е HRplus. Градиме дата центри, оптимизираме ИТ инфраструктура, воведуваме безбедносни решенија и развиваме нови начини на управување со информациите. Од тоа произлегоа производи како што се BI систем за деловно известување и GIS решение за размена на просторни информации.

Усогласеност на работењето

Сите наши деловни процеси се ускладени со меѓународните норми, како и со законските регулативи во секоја од државите во кои работиме. Ги обликувавме и редовно ги одржуваме Политиката за безбедност на информации (ISO 27001), Политиката за управување со услуги (ISO 20000), Политиката за квалитет (ISO 9001), Политиката за заштита на животната средина (ISO 14001), Политиката за приватност, како и Политиката за заштита на здравјето и безбедноста при работа.

Поседуваме Сертификат за деловна сигурност во склад со Законот за инфромацијска безбедност со степен “ТАЈНО” (Национално ТАЈНО, NATO SECRET, EU SECRET). Нашето работење е ускладено со законските регулативи од подрачјето на техничка заштита. Нашите стручњаци сите фази на проектите ги водат според препораките на методологиите PMI, ITIL, IPMA и Agile.

Специјализирани компании

Под КИНГ ИЦТ работат и Активис, компанија специјализирана за управување со документи, Smart Energy, компанија специјализирана за спроведување на мерки за енергетска ефикасност, и Планета IX, компанија специјализирана за употреба на вештачка интелигенција и нејзина примена во обработка на податоци во роботика, дронови и беспилотни летала.

Со седиште во Загреб, присутни сме во: БелгијаБосна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Косово.

Партнери

Нашите партнери и принципали се водечки светски ИКТ-компании. Во соработка со нив создаваме најсоодветни решенија за секој клиент, извршуваме и најкомплесни зафати (интервенции), следејќи ги динамичните трендови во информатичката и комуникациска технологија.
прикажи се прикажи се
Prikaži manje Prikaži manje

општи информации

ИМЕ НА КОМПАНИЈАТА

КИНГ ИЦТ дооел Скопје, друштво за производство на компјутери и други деловно информатички услуги

СКРАТЕНО

КИНГ ИЦТ д.о.о.е.л.

ДИРЕКТОР

Влатко Петревски

ЕМБС

6325270

ЕДБ

4030008020265

ЖИРО СМЕТКА

210-0632527001-98 НЛБ Тутунска банка

ПР-контакт

Ве молиме контактирајте нè за сите прашања во врска со компанијата КИНГ ИЦТ и нејзиното деловно работење.

T: +385 (0)1 3033 571
E: komunikacije@king-ict.hr

ЛОГОТИП