Да се подигне нивото на квалитетот на услугите и да им се овозможат на корисниците нови канали за резервација и купување на билети.
HŽ Putnički prijevoz го прилагоди начинот на работење кон динамичните потреби на своите клиенти и растечкиот тренд на користење на Интернет како продажен канал во железничкиот сообраќај. Со воведување на информатичкиот систем за продажба и резервација на патнички билети, компанијата реализира и важен предуслов за зголемување на приходите од работењето.
HŽ Putnički prijevoz е компанија која врши јавен превоз на патници во домашен и меѓународен железнички превоз. За бројот на патници кои користат превоз со воз сведочат бројките од околу 5,9 милиони продадени билети во домашниот транспорт и околу 100 000 во меѓународниот превоз годишно.
Со цел да се подигнување на нивото на квалитетот и услугата, како и модернизирање на работењето, компанијата воведе нови начини на продажба, во согласност со динамичните потреби на корисниците и современите технологии.
Покрај благајните, билетите за воз сега можат да се резервираат и купуваат он лајн – преку Интернет порталот HŽ Putnički prijevoz, како и со користење на паметен телефон. Воведена е и продажба на билети во безготовински автомати каде купените билети се плаќаат со дебитни/кредитни картички. Конечна фаза на проектот е имплементација на т.н. стабилни терминали и воведување на паметни картички наместо картонски легитимации за месечни, повеќемесечни и годишни билети (во тек).
Основата на новите продажни канали е единствен систем за продажба и резервација на билети за домашен и меѓународен превоз.
Придобивки за клиентот:
- зголемување на нивото на квалитетот на услугите кон крајните корисници
- можност за купување на билети за превоз од 0 до 24 часа, создавање различни тарифни модели, пократко време потребно за издавање билет
- подобар увид во целокупното работење постигнат со воведување на новиот систем и неговото поврзување со сите други клучни системи на компанијата
- Безбедност и деловен континуитет – имплементираните инфраструктурни решенија овозможуваат достапност на системот 99,9%
Модернизирано работење, побрза и полесна употреба на транспортни услуги.
Проектот опфаќа:
- имплементација на интегрален систем за продажба на патнички билети за пет продажни канали: ПОС каси и мобилни терминали, TVM автомати за билети, како и продажба на веб и паметни телефони
- интеграција на решението со останатите системи: CRM (решение за управување со клиенти), SAP ERP систем, BI решение за аналитика и интеграција со EPA системот за меѓународна продажба
- имплементација на интернет портал за продажба на билети
- имплементација на серверска инфраструктура со високо достапно виртуелно опкружување
- имплементација на систем за чување на податоци со воспоставување на закрепнување во случај на непредвидени ситуации
- обезбедување соодветна заштита критичните сервиси на системот, имплементација на firewall, системите за превенција на ранливоста (IPS) и системите за балансирање на мрежниот сообраќај (Load Balancer)
- испорака и имплементација на опрема: каси, мобилни уреди за кондуктери, уреди за изработка на паметни картички, TVM автомати за картички и друга потребна опрема
- воведување на паметни картички со технологија Mifare DESfire, наместо постоечките легитимации на хартија
Проектот за HŽ Putnički prijevoz беше реализиран од КИНГ ИЦТ, во соработка со компаниите Scheidt & Bachmann GmbH од Германија и Četrta pot d.o.o. од Словенија.