Ви го претставуваме КИНГ Центар на знаење

Како единствен партнер за SAP Education Services (SAP-образовни услуги) во Хрватска, Центарот на знаење КИНГ е овластен да понуди едукација од службениот SAP-каталог, кој ги вклучува сите модули за работа со SAP, а на своите корисници им нуди поддршка при учењето и подобрување на вештините. Покрај едукацијата за SAP-системите, Центарот на знаење нуди и целно обучување на стручни тимови, како и програми прилагодени на специфичните барања на крајните корисници.

Со цел обучените лица да добијат најмногу од сите едукациски програми, на располагање е тим на предавачи и стручни SAP-консултанти со долгогодишно искуство за работа со SAP.

Центарот на знаење – КИНГ им овозможува на организациите кои користат SAP-технологии да постигнат поголема ефикасност и продуктивност, а на вработените и корисниците професионален развој и стекнување на вештини за најновите SAP-производи и решенија. Курсевите ги опфаќаат сите модули, од технички до деловни, а по успешното завршување на обуката, на учесниците им се отвора пат кон сертификација со која ќе стекнат лично признание и напредување во кариерата.

Пријавете се користејќи го ОБРАЗЕЦОТ, со цел навреме да ги дознаете термините за обука и сите останати интересни факти за Центарот на знаење – КИНГ.