Политика за квалитет

Во КИНГ ИЦТ сме свесни дека успехот на нашето деловно работење зависи од задоволството на нашите клиенти. Затоа доследно ќе настојуваме во потполност да ги разбереме сегашните и идните потреби на купувачите, да ги исполниме нивните барања и да ги надминеме нивните очекувања.

  • Ќе им помогнеме на клиентите во целосно и ефикасно искористување на деловните потенцијали преку обезбедување на интеграција на информатичко-комуникациски решенија, ИТ поддршка, деловна и техничка едукација, како и производство на компјутери и софтвери;
  • Ја вреднуваме ефикасноста во управувањето со квалитетот преку редовно и независно оценување;
  • Активно ќе ја градиме доверба и конструктивните односи со клиенти и набавувачи преку меѓусебно разбирање и почитување базирано на стручното знаење, компетенции и стандарди на професијата, како и преку објективно гледање на технологијата;
  • Логиката на нашите деловни процеси и нивната интеракција е насочена кон задоволување на барањата на нашите клиенти и нивното задоволство;
  • Со интеграцијата на нашиот систем за управување на квалитет со други системи за управување и деловни процеси, овозможивме усоглаеност на целите на квалитет со стратешки цели на деловно работење, како и ефективна интеракција на процеси и системи;
  • Основа за донесување одлуки во врска со нашите активности се факти поддржани со веродостојни докази;
  • Едукација и обука, како и постојана грижа за нашите вработени, се цврстата основа на организациската способност на која се базира задоволството на нашите корисници;
  • Постојаното подобрување е принцип кој нè води во сите перспективи и процеси на управување со квалитетот;
  • Нашите вработени, со активно делување и свесност за потребата да се задоволат барањата на нашите клиенти, придонесуваат за континуирано подобрување на квалитетот, водени од одредбите на системот за управување со квалитет.

Во нашето деловно работење, обликувавме и имплементиравме управување со квалитет, а и го оддржуваме во соглсност со принципите и барањата на меѓународниот стандард ISO 9001.
Системот за управување со квалитет, вклучувајќи ја усвоената и подобрената политика и сите поврзани документи, објавен преку интранетот на компанијата, им е достапен за сите вработени.

РЕВ. 5, 2014 -06 -04
Претседателот на Управниот одбор Пламенко Баришиќ