Политика на животната средина

Во КИНГ ИЦТ сме свесни дека оддржливостa на нашето деловно работење зависи од хармоничниот однос со сите акционери на нашата организација. Настојуваме целосно да ги разбереме нивните сегашни и идни потреби, како и сите аспекти на влијание на нашите одлуки и активности на нашата животна средина. Затоа:

  • Ги слушаме барањата на сите акционери насочени кон животната средина, ние се грижиме за спречување на загадувањето, загрозување на здравјето и безбедноста, и рационално стопанесуваме со природните ресурси.
  • На клиентите им помагаме во ефикасното користење на нивните деловни потенцијали преку консалтинг, проектирање, развој, градење, управување и подобрување на информациско-комуникациските системи, како и едукација за нивното користење, водејќи грижа за заштита од загадување и намалување на негативните влијанија врз животната средина.
  • Со своето делување и свесност, им обезбедуваме на сите вработени да придонесуваат за заштита на животната средина, во спречување на загадувањето, намалување на негативните влијанија врз животната средина и за рационално искористување на придродните ресурси.
  • Ги почитуваме законсите, регулаторните и договорните барања кои се однесуваат на животната средина и нивното задоволување, како и на останатите барања за кои се обврзавме да ги почитуваме во рамките на нашите одлуки и активности.
  • Управувањето со животната средина го интегриравме со останати системи за управување и деловни процеси со цел да се обезбеди постојано подобрување, со мерливи цели, планови и програми за управување со животната средина.
  • Ние го прошируваме влијанието на нашата грижа за животната средина низ проактивно учество и постојана комуникација во врска со животната средина со сите соработници.

Управувањето со животната средина во нашето деловно работење го спроведуваме во согласност со принципите и барањата на меѓународниот стандард ISO 14001. Системот за управување со животната средина, вклучувајќи ја усвоената и подобрена политика и сите поврзани документи, објавен преку интранетот на компанијата, им е достапен за сите вработени.

РЕВ. 2, 2014 -06 -04
Претседателот на Управниот одбор Пламенко Баришиќ