Политика на информатичка сигурност

Природата на деловно работење на КИНГ ИЦТ бара размена на информации, како внатрешно така и со надворешни клиенти, партнери и другите заинтересирани страни.
За да се одржи континуитетот на нашето деловно работење, важно е да се преземат мерки со цел да се заштити информатичниот имот од сите: внатрешни и надворешни, намерни или случајни закани за доверливост, комплетност и достапност на информациите.
Имајќи го тоа предвид, ние се обврзуваме:

  • На информациите да им се обезбеди доверливост и да ги заштитиме од неовластен пристап и злоупотреба;
  • Нарушување на информатичка сигурност навремено да се пријави кај соодветни лица за управување со информатичка сигурност, истите да се испитаат, анализираат и да се иницираат соодветни активности за да се отстранат причините за закана и намалување на ризикот;
  • Да се фокусира вниманието на градење односи и комуникација со заинтересираните страни, со разбирање на сопствениот контекст и на потребите и очекувањата на заинтересираните страни;
  • Одлуките и активностите да се базираат врз основа на резултатите на редовна проценка на ризикот за информатичка сигурност;
  • Да се развиваат, одржуваат и тестираат плановите за продолжување на работењето;
  • Да се обезбеди соодветна контрола и постојано подобрување на применетите мерки за информатичка сигурност со мерливи цели и надзор на успешноста на системот;
  • Редовно, во планирани периоди, да се спроведува анализа и проценка на ризик за информатичка сигурност;
  • Да се одржува комплетност на информации со цел да се осигура нивната точност и применливост;
  • Информации и системи да се стават на располагање на заинтересираните страни во согласност со нивните деловни потреби;

единство на применетите мерки за информатичка сигурност да се обезбеди задоволување на законски, регулаторни и договорни барања, како и други услови за информатичка сигурност , за кои сме се обврзале дека ќе ги почитуваме;
Со едукација и обука да се обезбеди свесност и способност на вработените гарантирана безбедност на информациите;(ПРОВЕРКА-толкувачка корекција)
За да се задоволат овие обврски и да се обезбеди соодветно ниво на контрола и следливост, неопходно е да се демонстрира усогласеност со усвоените процеси. Нашата политика е да се одржува функционалност и ефикасност на системот за управување со информатичка сигурностте кој ќе се воспостави, одржува и подобрува во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 27001.
Системот за управување со безбедноста на информациите, вклучувајќи ја и усвоената и одобрената политика, како и изјавата за применливост и придружни документи, објавен е преку интранет на друштвото и е достапен за сите вработени.

Рев. 1, 2014-06-04
Претседател на Управниот одбор Пламенко Баришиќ