КИНГ ИЦТ доби нов SAP-статус

Денес, благодарение на интернетот, за неколку секунди, може да најдете голем број на претпријатија за која било работа што ви е потребна. Но, како друштвата во новиот B2B (бизнис-со-бизнис) свет избираат кои претпријатија се најдобри и со кого ќе работат? Повеќето се потпираат на статуси кои демонстрираат компетентност или сертификати за да се осигурат дека понудувачот може да ги обезбеди потребните услуги. Светот на софтверот не е различен и тоа беше една од главните причини зошто SAP воведе статус на призната стручност или програмата за Recognized Expertise (REx). Затоа, REx нуди клучни предности во изборот за купувачите, но исто така и за SAP-партнерите кои имаат одредена акредитација.

КИНГ ИЦТ се стекна со SAP-статусот Recognized Expertise за областа Travel and Transportation (патувања и транспорт), благодарение на деловните резултати, тимот експрети со сертификација од оваа област, како и референците (препораките) и високите оценки за задоволството на клиентите. Нашите референци во оваа индустрија вклучуваат завршени или тековни проекти со SAP-технологија кај Автопатите Риека-Загреб, ХЖ (Хрватски железници) Инфраструктура, ХЖ Патнички превоз, ХЖ Карго, Хрватски патишта и Хрватски автопатишта.

Ова е втор REx-статус што КИНГ го стекна по минатогодишниот, за областа Utilities (комунални услуги) и веруваме дека тоа ја докажува нашата посветеност кон совршеност при имплементацијата и фокусот кон индустриите во кои имаме искуство и компетентност.