Кинг ја доби наградата на Dell за Channel Services Delivery Excellence Award

Уште една престижна награда доаѓа на полиците на КИНГ ИЦТ! Ја освоивме наградата Dell Technologies Channel Services Delivery Excellence за 2020 година. Според Dell, наградата се доделува за извонредни резултати во испораките и посветеност кон клиентите и Dell Technologies. Во целиот регион ЕМЕА (Европа, Блиски Исток, Африка), само 18 партнери ја имаат добиено оваа награда, а КИНГ ИЦТ е единствениот добитник од регионот на ЈИЕ (Југоисточна Европа).

„Нѐ радува што имаме толку посветен и едуциран партнер кој може да обезбеди највисоко ниво на техничко знаење и стручност за целото наше портфолио. Честитаме!“, велат од Dell.