Матија Мандиќ зборуваше на онлајн панел

Директорот на Секторот за техничка заштита и пасива на КИНГ ИЦТ, Матија Мандиќ, учествуваше на онлајн панелот на хрватската индустрија за приватна сигурност „Приватната заштита во новата нормалност“, организирана од Хрватското здружение на безбедносни работници и списанието Заштита со поддршка од COESS.

Темата на панелот опфаќаше прашања како да се обезбеди опстанок на дејноста приватна заштита во „новата нормалност“, како да се задржат вработените, како да се прилагоди и да работи во новите услови и кои се новите области за индустријата за приватна безбедност.

„Како друштво, реагиравме веднаш по прогласувањето на пандемијата со организирање на тим за управување со кризи. Се усогласивме на регионално ниво и многу брзо ги донесовме обврзувачките упатства и препораки за однесување кон кои се придржуваа вработените. Примарната цел беше да се заштити здравјето на вработените и нивните семејства, како и да се одржи континуитет во работењето, не загрозувајќи ги притоа вработените, партнерите или корисниците “, одговори Матија на прашањето како КИНГ ИЦТ се справи со пандемијата.

„Пред нас и понатаму стои предизвикот да ја зачуваме нашата бранша, настојувајќи да ја направиме кризата што е можно побезболна во контекст на луѓето, работењето и заштитата на работните места. Свесни сме и за тоа колку е тешко да се пронајдат квалитетни ресурси на пазарот, па затоа се стремиме да обезбедиме долгорочна стабилност, да ги задржиме мирот и перспективата за квалитет. Успеавме да го зачуваме здравјето на вработените и партнерите, ги задржавме луѓето, ги задржавме платите, го осигуравме деловниот континуитет, а тоа беа главните цели“.

Матија објасни и тоа колку последните месеци, придобивките од модерната технологија, како што е вештачката интелигенција, дојдоа до израз: „Вештачката интелигенција (AI) напредуваше до таков степен што со појавата на пандемијата, со мали адаптации на постојните производи, многу брзо се појавија нови технолошки решенија на пазарот, кои значително помогнаа во превенцијата и проактивното следење на потенцијалните инцидентни состојби.

Минатата година сигурно не помислувавме дека толку интензивно ќе користиме камери за мерење на телесната температура или броење на луѓето во затворен проста, а сега, заради проактивната детекција на зголемената телесна температура и потребата од социјално дистанцирање, ги користевме токму за таа цел.

AI се фокусира на одредени аларми и појави, коишто ги третира со посебно внимание. Токму затоа што, меѓу другото, одработува повторувачки и тежок дел од работата, ја гледам нејзината широка примена во иднина во многу индустрии, како и во прометот, каде технологијата може значително да го растерети системот за следење на прекршување и нелегални активности“. Без оглед на економски незавидната состојба на глобално ниво, не е сè така црно.

Според зборовите на Матија, на кризата треба да се гледа како на посебна можност, бидејќи со дигиталната трансформација се отвораат нови деловни перспективи. „Со ова упатувам апел до сите да се капитализира инженерското знаење, како би излегле од кризата што е можно посилни и поподготвени да тргнеме кон пазарот на ЕУ, што ни е конечно и заедничка цел“, заклучи Матија.

Целиот панел можете да го погледате ОВДЕ.