Обновен статус на SAP Partner Center of Expertise (SAP-партнерски центар за експертиза)

КИНГ ИЦТ успешно го обнови статусот на SAP Partner Center of Expertise и тоа првпат со автоматско продолжување PCoE-сертификатот врз основа на одличните резултати утврдени со редовни квартални мерења на KPI (клучните индикатори за работењето).

Статусот на SAP Partner Center of Expertise ни овозможува да им ја обезбедиме на нашите корисници услугата за поддршка SAP Enterprise Support и истовремено ја докажува високата стручност на SAP-тимот на КИНГ ИЦТ.

Сите SAP-партнери кои сакаат да ги исполнат условите за одржување за индиректни клиенти мора да поминат низ процес на сертификација за да се обезбеди квалитетот на SAP-поддршката. Покрај тоа, секој PCоE-партнер мора да има инфраструктура за поддршка, тим за поддршка, процеси за поддршка и алатки за испорака на услугите.

Континуираниот статус на PCoE на КИНГ ИЏТ ја докажува нашата стратегија за квалитет и се фокусира на додадената вредност во SAP-технологиите, како што е и скорешното стекнување на статус на SAP Education Service Partnera (SAP-партнери за едукативни услуги) и отворање на Кинг центарот за знаење.