Освоивме дури 4 награди на Dell Technologies

На традиционалниот годишен настан Partner Awards 2020, организирана од светски етаблираната технолошката компанија Dell Technologies, КИНГ ИЦТ освои дури четири престижни награди!  Partner Awards е манифестација преку која една од најуспешните технолошки компании во светот, Dell Technologies, ги наградува партнерите и дистрибутерите за извонредни достигнувања остварени во изминатата година.

Годинава, за првпат, истата се одржа во виртуелна форма, собирајќи повеќе од 150 учесници од целиот јадрански регион (Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Северна Македонија). Поради најдобрите продажни резултати, големиот број добиени сертификати од страна на нашите вработени и најдобрите резултати во сегментот решенија за неструктурирани податоци, КИНГ ИЦТ освои дури четири престижни награди.

Конкретно:

  • Channel Partner of the Year in Croatia и Channel Partner of the Year in Adriatic Region, Кинг ги освои обете награди како единствен Dell Technologies Titanium партнер во јадранскиот регион. Се работи за награда на многу високо ниво, којашто вклучува огромен пазар и голема конкуренција од регионални ИТ компании.
  • Workforce Transformation Partner of the Year in Croatia – која му се врачува на партнерот со најуспешно имплементирани проекти кога се работи за комерцијалното кoрисничко портфолио на Dell.
  • Посебна чест беше да се прими наградата: „2019 UDS CEE Partner of the Year“ како најдобар партнер во цела средна и источна Европа, кога се работи за имплементација на неструктурирани податочни решенија (UDS = Unstructured Data Solutions).

„Кинг ИЦТ веше прогласен за Channel Partner на годината не само во рамки на конкуренцијата во Хрватска, туку и на регионално ниво, што го прави ова достигнување уште поголемо. Голема работа е да се биде прогласен за партнер на годината меѓу сите партнери на Dell Technologies во рамки на 8-те земји од јадранскиот регион“, порачаа од Dell Technologies. Додадоа и дека КИНГ ИЦТ, како најголем и најбрзо растечки партнер на Dell Technologies  во јадранскиот регион, покажал посветеност на решенијата на Dell Technologies, бидејќи во 2019та година, кај своите корисници имал голем број успешно имплементирани проекти. Покрај тоа, КИНГ ИЦТ успеал да придобие нови, како и да го прошири портфолиото на Dell Technologies кај постојните клиенти.

„Благодарни сме им на Dell Technologies што ги награди нашите резултати, бидејќи навистина дадовме сѐ од себе за да ги постигнеме. Во текот на целата година имавме убава и успешна соработка и тим кој го даваше својот максимум. Чест ни е да соработуваме со успешна, иновативна и професионална компанија како што е Dell Technologies. Добиените признанија, а особено за најдобар партнер во цела средна и источна Европа, ја потврдуваат стручноста на нашите експерти и тоа дека хрватските компании можат да бидат конкурентни на меѓународно ниво во сферата на ИКТ“- порача Динко Врањеш, директор за инфраструктура на КИНГ ИЦТ.