Пламенко Баришиќ на панелот за работењето во светот на сајбер-измами

Со цел да се одбележуи Меѓународната недела на свеста за измамите, се одржа втората конференција за опасностите од измама и корупција.  Меѓународната недела за подигнување на свеста за измамите беше покрената од Здружението на меѓународни истражувачи на измами во 2000 година и оттогаш голем број организации ширум светот се приклучија на иницијативата со цел да се подигне свеста за потребата од борба против овие опасности.

Во рамки на конференцијата, беше организиран панел на тема „Новото безбедно – работење во свет на сајбер-измами“ на кој се дискутираше за сајбер-безбедноста и нападите за време на пандемијата, кога онлајн алатките за комуникација добија особено значење.

Претставник на КИНГ ИЦТ беше претседателот на Управниот одбор, Пламенко Баришиќ, кој зборуваше за соработката со НАТО и занимливостите од проектите на Кинг во областа на информациската безбедност. Тој исто така се осврна на најголемите недостатоци во областа на информациската безбедност и предупреди за најчестите „болни точки“ на системите.

Покрај тоа, на панелот се отвори темата за Compliance (усогласеност) при работењето, односно влијанието на законодавната рамка врз растот на побарувачката за услуги за информациска безбедност. Секако, неизбежна тема беа и предизвиците и промените што ги донесе пандемијата и како истите да се надминат.

Интересен и динамичен, панелот е само дел од оваа конференција што заслужува пофалби и која се надеваме ќе се одржи и следната година.