Успешно ја приведовме кон крајот КИНГ Академијата 2020

Програмата за бесплатно образование и платена пракса привлече интерес кај многу студенти и оваа година, а беа избрани 29-те најдобри. Академијата се одржа онлајн и по две недели предавања следеше избор на студенти кои ќе започнат со практичниот дел, односно со пракса. Избрани беа шест студенти на кои им беше дадена можност да ја искусат работата во проектен тим, на конкретен проект и тоа во агилно опкружување.

Во праксата учествуваа: Ардита Шаља (BA), Кристијан Маодуш (.NET developer), Роберто Љубас (QA), Марко Солдо (DBD), Марко Грозај (JAVA developer) и Марко Погачиќ (.NET developer). Нашите студенти мораа да го покажат своето стекнато знаење на интерен проект, а низ целиот процес беа водени од ментори, односно експерти на Кинг во различни улоги.

Тема на проектот беше развој на апликација за организирање на набавка на подароци за колегите-славеници. Целта е да се скрати процесот на собирање имиња на оние кои се заинтересирани да учествуваат во купувањето подароци, да се воведат предлози и гласање за подароците, како и да се поедностави процесот на евидентирање на собраните прилози. Апликацијата беше наречена „King Team Gifts“ (подароци од тимот на Кинг) и се работи за веб-апликација која го дигитализира процесот на давање подароци на колегите.

Академијата ја завршивме со Show Off каде академците покажаа како ја развиваа апликацијата. За успехот на овогодинешната Академија сведочи фактот дека во тимот на Кинг останаа неколку студенти на кои им беше понуден договор.

Честитки за сите студенти, а особено за нашите нови „Кинговци“.