S/4HANA го подобрува управувањето со деловните процеси како што се планирање на производството, купувањето, логистиката, промоцијата, продажбата, односите со клиентите, финансиите и сметководството.
Преку персонализирани портали, мобилни апликации и други алатки, комуникацијата со клиентите и вработените е поедноставна, а вршењето на работните задачи е поефикасно.
Повеќе од 400.000 организации користат SAP решенија. Врз основа на нивните искуства, S/4HANA и другите производи континуирано се надградуваат и развиваат.
Директен увид во работењето
Сите деловни податоци се на едно место и можат да се анализираат во реално време. Резултатите од анализата влијаат на побрзо донесување одлуки и побрзи реакции на промените и трендовите на пазарот.
Дигитална трансформација
Организациите се поагилни, полесно се прилагодуваат и се поподготвени да иновираат во своите процеси. Во рамки на S/4HANA, организациите, исто така, можат да го искористат потенцијалот на другите технологии, како што се вештачката интелигенција, машинското учење и интернетот на нештата.
Поголема фреквенција на усогласеност во ревизијата
Во S/4HANA, податоците се следат ефикасно, а извештаите се генерираат брзо и сигурно. Организациите можат да ја проверат деловната усогласеност на работењето со релевантните прописи, со што ќе ги олеснат процесите на ревизија.
Решение на облак или сопствен центар за податоци?
Со избирање на решение на облак, почетната инвестиција во нов систем е помала. Исто така, може да се изберат и хибридни архитектури и да се користи платформата SAP Cloud за поврзување на решенија лоцирани на различни локации со решенија на облак или мобилни решенија.
S/4 HANA решенија
Решенијата S/4HANA се спроведуваат со помош на методологијата SAP Activate, која го скратува времето на спроведување, обезбедува примена на најдобрите практики содржани во платформата и овозможува оптимална соработка со корисникот при дефинирањето на решението.
S/4 HANA поврзување
S/4HANA едноставно се поврзува со постоечките апликации и системи. Се прилагодува и надградува во согласност со барањата и процесите на организацијата. Решението е погодно за мали, средни и големи компании.
SAP lntelligent Enterprise
За подобра ефикасност на работењето и конкурентност на пазарот, SAP нуди концепт на „паметна организација“ (lntelligent Enterprise).Со користење на напредни деловно-информатички алатки за предвидлива аналитика, известување во реално време и анализа на ризик, се создава преглед на работењето што досега не беше можен.
lntelligent Enterprise често ги комбинира локалните решенија и решенијата на облак, што овозможува користење на сите достапни извори на податоци, без разлика каде се наоѓаат.
Технологиите на кои се потпира lntelligent Enterprise се машинско учење, автоматизација, вештачка интелигенција и решенија на облак, како што се SAP Analytics Cloud или SAP Cloud Platform.
SAP S/4HANA архитектура
S/4HANA SUITE
S/4 HANA Suite вклучува производи наменети за одредени индустрии и објекти. Овие производи се достапни како локални решенија или решенија на облак.
S/4HANA PRODUCTS
S/4 HANA Products се специјализирани модули кои корисниците ги избираат според нивните деловни потреби. Овие модули се тесно интегрирани со функционалностите на Enterprise Management и може да се активираат подоцна доколку е потребно.
S/4HANA ENTERPRISE MANAGEMENT
Решенијата S/4HANA Enterprise Management се достапни за сите корисници. Без оглед на првично избраната област за спроведување, можно е последователно проширување на системот со нови функционалности без трошоци за дополнително лиценцирање.