КИНГ ИЦТ и оваа година беше горд спонзор на RISK Conference 2025 – водечката регионална конференција за кибернетска безбедност.
Покрај учеството на конференцијата во својство на спонзор, КИНГ ИЦТ беше награден и со признанието „Real Security Top Partner 2024“.
„Оваа награда ја потврдува нашата посветеност на обезбедување врвни решенија во областа на кибернетската безбедност и континуирано следење на најновите трендови, со цел на нашите клиенти да им обезбедиме максимална заштита“, порачуваат од КИНГ ИЦТ.
Учество на вакви настани е клучно за разбирање и имплементација на најновите трендови во светот на кибернетската безбедност.