КИНГ ИЦТ е повторно прогласен за „Пријател на студентите“

На 11-тото доделување на наградите Златен индекс, на кое се наградуваат компании кои успешно соработуваат со студентите и инвестираат во студентската заедница, КИНГ ИЦТ го доби признанието Пријател на студентите. Ова е втора година по ред како Кинг го добива споменатото признание, благодарение на постојаната работа со студентите и вложувањето во студентската заедница.

Ќе продолжиме да бидеме заинтересирани и ангажирани и да ја оправдуваме довербата на студентите и горди сме што некои од нив, особено оние со технолошка ориентација, ги прават првите чекори во својата кариера во КИНГ ИЦТ. На пример, по минатогодишната КИНГ ИЦТ академија, дури четири студенти останаа да работат во Кинг!

Златниот индекс служи како еден вид благодарност на студентите кон претпријатијата за општествено одговорното работење и можноста за раст и развој во деловниот свет. Горди сме на ова достигнување.