fbpx

SAP ERPsim: Студентите беа воодушевени од деловната симулација

Постојат различни начини на учење за работење на компанијата, како и функционирањето и поврзаноста кај деловните процеси. Меѓутоа, кога имате можност да го искусите тоа на начин идентичен како во реалниот живот, а притоа да се забавувате, учењето добива нова димензија.

ERPsim е платформа развиена од Универзитетот во Монтреал и овозможува виртуелно учење преку сценарија за симулација на деловни процеси.

ERPsim ги поттикнува учесниците деловно да размислуваат, нудејќи им искуство од прва рака за разбирање на улогите внатре во компанијата и влијанието на одредени одлуки врз деловното опкружување, како и доживувањето на моќта и вредноста на SAP S/4HANA системот.

Студентите по дипломски студии на Факултетот за организација и информатика на тој начин, преку симулација и поделба во натпреварувачки тимови, имаа можност да водат компанија, да соработуваат со своите колеги, да решаваат вистински деловни проблеми, а сето тоа со помош на активен SAP ERP систем. До израз дојдоа нивните комуникациски вештини и снаоѓање при надминување на деловните предизвици, како и нивната подготвеност да донесат одлуки кои имаат директно влијание врз работењето и деловното опкружување.

До израз дојдоа нивните комуникациски вештини и снаоѓање при надминување на деловните предизвици, како и нивната подготвеност да донесат одлуки кои имаат директно влијание врз работењето и деловното опкружување.

Организацијата, донесувањето деловни одлуки, управувањето со време и ресурси, деловните извештаи, следењето на пазарното натпреварување, оперативното користење на програмски трансакции – целиот процес на управување со деловните активности беше собран во 5-часовна работилница низ која беа водени од инструктори од КИНГ ИЦТ.

Учесниците/играчите, многумина без претходно познавање на SAP, за време на забавниот и динамичен процес добија можност да учествуваат на натпреварот, успешно да ги научат и совладаат основите на SAP S/4HANA системот и да научат за:

  • Комуницирање со добавувачи и клиенти преку испраќање и примање на налози за продажба
  • Логистичките процеси поврзани со управувањето со производи и суровини во магацинот
  • Производните процеси преку планирање на материјалните потреби (MRP), планирање на производството и управување со залихите
  • Користењето на SAP извештаи и трансакции како важни основи за донесување квалитетни деловни одлуки
  • Важноста на навремените реакции и одлуки во рамки на деловниот систем на промените на пазарот и важноста на натпреварувањето и победувањето во пазарното натпреварување

Како функционира симулацијата (ERPsim)

Учесниците се поделени во тимови во рамки на кои им се доделуваат улоги и се симулира вистинска деловна ситуација. Ориентирани се на деловната стратегија и навремените реакции на пазарните промени. Извршуваат активности за продажба, маркетинг, набавки, финансии и производство (целосен end-to-end деловен процес).

Секој учесник има интеракција со добавувачите и клиентите, испорачува производи, користи SAP извештаи и трансакции како основа за донесување квалитетни деловни одлуки и ги следи пазарните промени за да ја победи конкуренцијата.

Обуката на 15 учесници траеше 5 часа, а учесниците на крајот добија сертификати.

Учесниците по натпреварот пополнија анонимна анкета, а нивните впечатоци најдобро зборуваат за вредноста на ERPsim:

„Никогаш побрзо не ми поминале 5 часа од сега!

„Дали може повторно?

„Воведете го ова редовно за барем еден изборен предмет“