Quality Austria Adriatic потврдува дека КИНГ ИЦТ (со подружниците во Хрватска, Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина) успешно ја заврши ревизијата за ресертификација за следните меѓународно признати стандарди:
ISO 9001:2015 Систем за управување со квалитет
ISO 14001:2015 Систем за управување со животната средина
ISO 27001:2022 Систем за управување со безбедноста на информациите
ISO 20000 –1:2018 Систем за управување со ИТ услуги
Покрај обновувањето на постојните сертификати, КИНГ ИЦТ Хрватска за првпат е сертифицирана за:
ISO 27017:2015 Безбедност на информации за услуги во облак
ISO 27018:2019 Заштита на лични податоци во услуги во облак
Овој резултат го потврдува високото ниво на експертиза и посветеност на сите тимови во рамките на КИНГ ИЦТ групацијата и нивниот фокус на подобрување на квалитетот, заштитата на животната средина, безбедноста на информациите, управувањето со ИТ услугите, како и заштитата на личните податоци во услуги на облак, особено за платформата и услугите на KING Cloud.
„Сертификатите го одразуваат нашиот стратешки фокус на безбедноста и транспарентноста и влеваат доверба кај постојните и идните клиенти. Со стекнување на сертификатите, потврдуваме воспоставување и примена на највисоките меѓународни стандарди во управувањето со безбедноста на информациите, безбедноста во облак, како и заштитата на приватноста на податоците. Исто така, се гордееме со континуитетот на сертификацијата во системите за управување воопшто, што, покрај безбедноста на информациите, ги вклучува и системот за управување со квалитет, системот за управување со животната средина и системот за управување со услуги“, велат од КИНГ ИЦТ.