Адриа форум: VMware by Broadcom го награди KING ICT

На Adria Forum 2025, организиран од VMware by Broadcom, повторно се собраа водечките стручњаци за да ја истражат иднината на модерните cloud технологии. Со гордост објавуваме дека KING ICT е препознаен како Powerhouse Partner на годината во Adriatic регионот – награда што ги одразува нашите силни резултати и бројните успешни проекти во текот на изминатата година.

На форумот, Даворин Перишиќ од КИНГ ИЦТ го претстави KING Cloud – решение изградено врз врвна инфраструктура и проверени технологии, наменето за поттикнување на следната генерација дигитална трансформација.

„Голема благодарност до VMware by Broadcom за препознавањето на нашата работа. Ова признание ни претставува дополнителна мотивација да продолжиме со иновации и развој на напредни cloud решенија“, порачуваат од KING ICT.