fbpx

Кинг повторно дел од програмата SAP Cloud Focus Partner Initiative

КИНГ ИЦТ е повторно прифатен во партнерската иницијатива SAP Cloud Focus, со која SAP им помага на партнерите во продажбата и имплементацијата на SAP-решенија во облак, како и во развивањето на сопствени производи засновани врз технологиите на SAP Cloud Platform.

И оваа година, вклучените партнери ќе уживаат во придобивките во форма на ексклузивно достапни обуки и поддршка од SAP во процесите за развој и продажба на производите.

Во изминатиот период, КИНГ ИЦТ го искористи своето учество во иницијативата SAP Cloud Platform Development Accelerator за ЦИЕ и ја изработи својата прва SCP-апликација Utility Worker, чија комплетна верзија ќе презентира кон крајот на април.

Со учеството во иницијативата SAP Cloud Focus Partner, изминатата година Кинг го постигна најдобриот продажбен резултат од сите партнери на SAP во Хрватска, за што му беше доделенo и признанието SAP Cloud Partner 2019 во февруари годинава.