Во денешно време, облакот (cloud) е неопходен дел од дигиталната трансформација и модернизацијата на бизнисот. Тој нуди флексибилност, скалабилност и пристап до напредни технологии без големи инвестиции. Сепак, патот до облакот често е поплочен со низа прашања, сомнежи и многу реални предизвици.
Доколку размислувате за користење на облак, веруваме дека сте наишле на некои од следниве прашања:
- Како да ја задржите контролата?Со години внимателно ја градевте и одржувавте вашата ИТ инфраструктура, го познавате секој нејзин дел. Помислата да ја предадете таа контрола на некој друг може да биде разбирливо непријатна.
- Што да изберете?Пазарот е преплавен – Infrastructure as a Service, Platform as a Service, Software as a Service… Како во морето опции да го изберете најдоброто за вашите апликации, податоци и целокупниот бизнис?
- Како да избегнете „vendor lock-in“?Што ако утре посакате да го промените вашиот давател на услуги или целата ИТ стратегија? Колку ќе чини тоа и дали е воопшто изводливо?
- Дали моите податоци се безбедни?Безбедноста и усогласеноста со регулативите како што се NIS2, DORA и GDPR се апсолутен приоритет. Дали податоците се навистина безбедни во секое време?
- Колку ќе чини тоа?Дали трошоците се навистина предвидливи? Како да избегнете скриени трошоци и непријатни изненадувања на месечната сметка?
- Кој ќе ми помогне кога нешто ќе тргне наопаку?Што се случува среде ноќ? Дали поддршката ќе го разбере мојот проблем, мојот јазик и локалниот контекст и дали ќе може брзо да реагира?
Облак и локална инфраструктура: како да ја пронајдете совршената рамнотежа?
Глобалните ИТ трендови покажуваат дека стратегијата „сè на облак“ не е секогаш оптимално решение. Организациите сè повеќе се осврнуваат кон хибридни и мулти-облак решенија, барајќи идеална рамнотежа помеѓу приватната инфрструктура и јавниот облак. Истовремено, суверенитетот на податоците и усогласеноста со регулативите се поважни од кога било.
Иако присуството на облакот станува сè пораспространето, одредени ситуации сè уште бараат моќ и контрола над локалната инфраструктура.
За окпружувања кои бараат екстремно брзо време на одговор, како што се системи за финансиско тргување, клучните системи за производство кои работат во реално време или специфични индустриски апликации, ниската латентност е клучна. Локалната инфраструктура ги елиминира доцнењата предизвикани од интернет комуникацијата и долгите растојанија помеѓу корисниците и нивните податоци, обезбедувајќи оптимални перформанси.
Кога станува збор за лични податоци на корисниците, здравствени картони или доверливи деловни информации, чувањето на податоците во рамки на вашиот сопствен центар за информации нуди максимална контрола врз безбедноста и полесна усогласеност со регулаторните барања, како што се ГДПР или HIPAA. Се задржува целосна физичка и логичка контрола врз пристапот до податоци.
Миграцијата во облак за постоечки, сложени системи може да биде исклучително скапа и сложена. Доколку веќе сте вложиле значителни ресурси во локална инфраструктура и системите функционираат стабилно, честопати е поисплатливо да ги задржите таму каде што се.
Од друга страна, облакот нуди неспоредливи предности што станаа основа на модерната дигитална трансформација.
Облакот овозможува брзо прилагодување на ресурсите кон потребите на корисниците. Ја елиминира потребата од големи почетни капитални инвестиции (CAPEX) во хардвер – плаќате само за она што го користите (OPEX). Тоа е идеално за компании кои сакаат флексибилност и можност за брзо проширување на својот бизнис без поголем ризик.
Апликациите со варијабилни потреби за ресурси, како што се оние со сезонски врвови или дневни флуктуации во сообраќајот, се идеални за облакот. Брзото прилагодување на ресурсите и моделот „плаќање по употреба“ обезбедуваат оптимална економичност, елиминирајќи ги трошоците за одржување на неискористениот капацитет.
Облакот е совршено место за развојни и тест опкружувања. Програмерите можат брзо да креираат нови или да ги исклучат постојните сервери, да експериментираат со нови технологии и значително да ги забрзаат циклусите на развој, поттикнувајќи иновации без да ја оптоварат локалната инфраструктура.
Со експлозијата на Big Data и вештачката интелигенција (AI), облакот стана неопходен бидејќи нуди речиси неограничен простор за складирање и моќни алатки за обработка на големи количини на неструктуирани податоци. Повеќе не е потребно да се инвестира во скапа локална инфраструктура за да се искористи потенцијалот на AI и напредната аналитика.
Пронаоѓањето на вистинскиот хибриден модел, кој ја комбинира моќта на локалните системи со агилноста на облакот, станува клучна стратегија за оптимизирање на перформансите, безбедноста и трошоците. Не станува збор за избор „или-или“, туку за внимателно осмислена интеграција што ја користи предноста на двата пристапа.
А за успешна стратегија за трансформација на бизнисот и обезбедување конкурентска предност, покрај оптималниот хибриден модел, потребен е само успешен партнер.
Пазарот на услуги во облак: два света, еден компромис
Едниот се глобалните хиперскалери. Тие нудат исклучително широк спектар на услуги и глобално присуство. Меѓутоа, оваа сложеност често доаѓа со висока и непредвидлива цена, што им отежнува на корисниците да ги проценат варијабилните трошоци, како што е излезниот мрежен сообраќај, но и други. „Vendor lock-in” е реална опасност бидејќи откако ќе навлезете длабоко во екосистемот на еден хиперскалер, излегувањето може да биде комплицирано и скапо. Поддршката е честопати автоматизирана, побавна и носи јазични пречки, а проблемите со суверенитетот на податоците, заедно со регулативите како што се Законот за облак на САД, предизвикуваат дополнителна неизвесност.
Од друга страна, постојат локални и регионални даватели на услуги. Нивната предност е близината, помалата латентност и локалната поддршка. Сепак, нивната понуда честопати не е „вистински“ облак, туку некој напреден хостинг, виртуелен приватен сервер кој го дели истиот физички или виртуелен мрежен преклопник со серверите на другите корисници. Ова често резултира со помала флексибилност, недостаток на можности за самопослоужување (self-service), сомнителна скалабилност и технолошка зрелост на платформата. Покрај тоа, гаранциите за достапност (SLA) за вакви услуги понекогаш не влеваат доволно доверба за критичните деловни системи.
Суверен хрватски облак за хибридна иднина
Постои и трета насока на пазарот на услуги во облак што ги комбинира најдобрите глобални технологии со предностите на локален партнер. Пред нешто помалку од 4 години, компанијата КИНГ ИЦТ го препозна овој предизвик и започна со изградба на решение кое ќе може да поврзе два света – приватен центар за податоци и јавен облак. Така беше создаден KING Cloud – алтернатива на постојните решенија и добра опција за градење силно хибридно опкружување.

KING Cloud е изграден на VMware технологија, која многу деловни корисници, во голема мера, веќе ја користат во своите сопствени центри за податоци. Оваа заедничка технолошка основа овозможува креирање на флексибилни и напредни хибридни решенија. Тој го опфаќа целиот спектар на услуги – од Virtual Data Center, Cloud Server, Container-as-a-Service и Object Storage, до напредни решенија за континуитет на работењето, како што се услугите Backup (BaaS) и Disaster Recovery (DRaaS).
Комбинација од искуства, врвна технологија и локална експертиза
Во создавањето на KING Cloud се вклучени повеќе од 20 години искуство на експерти во дизајнирањето, спроведувањето и одржувањето на најсложените ИТ системи за претпријатијата и јавниот сектор во Хрватска и регионот.
Платформата KING Cloud е изградена врз солидна основа од сигурен хардвер од реномирани производители и три клучни технолошки столбови:
VMware Cloud Director (VCD): индустриски стандард за облак за претпријатија и основа на платформа за повеќе корисници (multi-tenant)
VCD обезбедува целосна мрежна, логичка и безбедносна изолација помеѓу корисниците, обезбедувајќи безбедност еквивалентна на користење на вашата сопствена приватна инфраструктура.
VMware NSX: основа на мрежната виртуелизација и мрежната безбедност
VMware NSX им овозможува на корисниците да креираат целосно изолирани виртуелни мрежи, со напредни функционалности како што се firewall, routing, switching, load balancing и VPN. NSX обезбедува edge gateway за секој корисник – клучен огнен ѕид и рутер што го контролира целиот сообраќај што влегува во и излегува од виртуелниот центар за податоци на корисникот. Секој корисник може да има повеќе edge gateways, секој со свој сет на правила, за различни виртуелни центри за податоци и лесно може да конфигурира безбедни site-to-site VPN тунели преку порталот за управување.
VMware AVI Load Balancer: еластичен L4-L7 load balancer
VMware AVI Load Balancer обезбедува висока достапност и безбедност на апликациите. Содржи Web Application Firewall (WAF), SSL offloading и речиси неограничена скалабилност.
Локална инфраструктура, глобални стандарди
Инфраструктурата на KING Cloud моментално е сместена во два центри за податоци во Хрватска, кои ги исполнуваат строгите Tier III и Tier IV (ANSI/TIA-942) стандарди. Ова гарантира највисоко ниво на достапност, редундантност и, што е најважно, резидентност на податоците – податоците се во Хрватска, безбедни и усогласени со ГДПР и локалното законодавство. Безбедноста е потврдена и со спроведените ISO сертификати: ISO 27001:2022 (управување со безбедноста на информациите), како и специфични сертификати за услуги во облак, ISO 27017:2015 и ISO 27018:2019.
Клучни предности на KING Cloud
- Облак според условите на корисникот: корисникот ја избира посакуваната длабочина на управување, односно од целосна автономија преку self-service портал, до управување од страна на тимот на KING ICT составен од врвни експерти.
- Без „vendor lock-in“:KING Cloud е заснован на познати технологии, кои се стандардни во деловниот свет. Затоа, миграциите – или во или од KING Cloud – се значително поедноставни отколку кај затворените hyperscale платформи.
- Предвидливи и транспарентни трошоци: моделот за наплата е јасен и транспарентен, без скриени трошоци за мрежен сообраќај, операции со дискови или секундарни активности на поединечни услуги.
- Врвна локална поддршка: тимот на KING Cloud е најголемата сила. Повеќе од 100 искусни и сертифицирани инженери обезбедуваат брза и професионална поддршка на хрватски јазик, со целосно разбирање на бизнисот на корисникот и локалниот контекст. Тие се достапни преку KING Service Desk со опција за достапност 24/7.
- Вистинско искуство во облак, повеќе од хостингот:KING Cloud поседува технолошка зрелост и широк спектар на понуди. Со уникатен self-service портал за управување со сите ресурси, тој овозможува напредни мрежни и безбедносни услуги интегрирани во платформата, како и вистинска скалабилност по потреба.
Сакате да дознаете повеќе или да видите како изгледа нашиот портал во живо? Контактирајте нè на cloud@king-ict.eu и посетете го нашиот портал на portal.king-cloud.eu. Тука сме да одговориме на сите ваши прашања и заедно да пронајдеме решение прилагодено во вашите потреби.

