fbpx

Fortinet го прогласи КИНГ ИЦТ за партнер на годината @ Security Day

Минатата недела, на 7 и 8 март, во Белград се одржа конференцијата Fortinet Security Day Adriatic.

Овогодинешната тема на конференцијата беше Сајбер-безбедност, секаде каде што ви е потребна. КИНГ ИЦТ се гордее што беше златен партнер на овој важен настан, а воедно ја доби и исклучително вредната награда – Врвен експертски партнер на годината, која беше доделена како дел од самата конференција.

Кинговците, Елвис Чаушевиќ и Антун Неманиќ одржаа предавање наречено Заплеткана приказна: Консолидирање на мрежната безбедност, во која ги разгледаа решенијата на Fortinet, главно Fortigate, но и сложеноста на мрежната безбедност, предизвиците со повеќе заштитни ѕидови и слични проблеми со кои компаниите се среќаваат секојдневно.

„Горди сме на наградата што ја добивме на годинешната конференција и сигурни сме дека ова е само едно од наградите кои ќе продолжиме да ги добиваме, на задоволство на нашите корисници,“ велат од КИНГ ИЦТ.